Одаи на Љубовта
Одаи на Љубовта

Однесиме во одаите каде љубовта твоја спие
со мирис на јасмин ќе ја будам.
Јас твојот патник,скитник вечен да се одморам
огновите на немирот да ми ги смират.
Ќе ја повикаме радоста
зората да ја благослови,со седум бисери да ја награди.
За тебе
со срцето ќе гледам,безимените со име патеки ќе ги напишам.
Не е ова занес еден
погледнија на дланкиве ружава што ти ја нудам.
