Жив Сон
Жив Сон

Го знам сега допирот и на твоите дланки
Нежен,како бакнеж,топол како воздишка утринска
Како да заспијам вечерва
Кога си жив сон,со почеток без крај,во прегратка моја
Невидливи букви читам,покрај твоето срце
Зарем измисли нова азбука,трпелив ученик сум да знаеш
Во стисокот на нашите прсти
Се кријат илјада и една ненапишана песна
Пишувам,пишуваш на новата страница
Од ноќно небо и дневни облаци е направена
Додај коментар |
0 Трекбекови